Уметност во Скопје [fr] [sq]

Во петок 16 февруари, амбасадорот присуствуваше на отворањето на 17. Зимски салон во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на покана на г. Христијан Санев, претседател на здружението и сликар кој повеќе години живеел во Франција.

Под знакот на разновидноста на жанрови и медиуми, со централна тематика "спектрални места", на изложбата се претставени повеќе од шеесет дела од македонски и уметници од неколку европски земји, во историскиот амбиент на Националната галерија "Чифте амам". Изложбата беше отворена од страна на г. Валмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, со кого амбасадорот разговараше за проекти за соработка со кои поголем број македонски уметници би се претставиле на "Сите дез Ар" во Париз, а би биле поканети и француски уметници во Тетово. Гран-при наградата на настанот, престој во ателјето на „Сите дез Ар“ во Париз, што ја овозможува македонското Министерство за култура ѝ беше доделена на г-ѓа Шќипе Мехмети.

publie le 20/02/2018

hautdepage