Унапредувањето на францускиот јазик во македонскиот образовен систем [fr] [sq]

Во петокот на 2 октомври, амбасадорот се сретна со министерката за Образование и Наука, г-ѓа Мила Царовска. За време на оваа средба, тој срдечно ѝ честиташе на г-ѓа Царовска за неодамнешното назначување на функцијата и ја искористи оваа пригода да ѝ ја пренесе својата желба за продолжување на одличните односи со нејзиното министерство.

JPEGВо петокот на 2 октомври, амбасадорот се сретна со министерката за Образование и Наука, г-ѓа Мила Царовска. За време на оваа средба, тој срдечно ѝ честиташе на г-ѓа Царовска за неодамнешното назначување на функцијата и ја искористи оваа пригода да ѝ ја пренесе својата желба за продолжување на одличните односи со нејзиното министерство. Тие разговараа за области поврзани со билатералната соработка: за унапредувањето на францускиот јазик во македонскиот образовен систем, за двојазичните паралелки во средните училишта, за развојот на Француското интернационално училиште во Скопје и перспективите за размена на научни истражувачи. Амбасадорот потсети на можностите што ги нуди членството на земјата во Меѓународната организација на Франкофонијата и им оддаде почит на професорите по француски јазик на кои ќе им биде посветен меѓународниот ден, 26 ноември оваа година.

publie le 05/10/2020

hautdepage