Универзитетска соработка

Подготвување на една млада зeмја да се соочи со предизвиците на иднината преку универзитетска соработка.

Прогласувањето на независност во 1991 година и економското отворање, доведоа до една голeма потреба земјата од создавање на кадри за управување со јавни администрации, како и со претпријатија. Европската иднина на младината бара нејзина подготовка на универзитетско ниво.

Франција располага со достапен и квалитетен универзитетски систем, отворен за прием на странски студенти. Палетата од обуки во Франција [линк подолу] ги покрива сите корисни области за образованието на македонски студенти. Иднината на една земја лежи, меѓу другото и во развивањето на сопствените капацитети на образование. Француската соработка посветува особено внимание на партнерствата помеѓу институции од двете земји.

1. Универзитетски партнерства за подобрување на образовните капацитети.

Универзитетското образование се одвива во еден европски простор кој дозволува голема подвижност, која е овозможена со процесот на усогласување на целите на Сорбона и Болоња. Сите европски високи образовни институции имаат за цел да се приклучат на овој заеднички проект и да ги развиваат размените. Во таа смисла е возможно да се делокализираат предавањата за да се одговори на потребите на образованието и да се споделат искуствата околу концептот на наставните програми.

За една земја која во 2006 година стана полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата, развојот на франкофонски универзитетски катедри е мошне пожелна. 2006 година беше одбележана со отворањето на две мастер програми со делокализирана диплома, во Скопје и во Тетово. Ова одговара пред се на барањата на глобализираната економија и на територијалната децентрализација :

- мастер за применети странски јазици во меѓународна трговија и бизнис, спроведен од страна на Универзитетот во Орлеанс, во рамките на Филолошкиот факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ; [линк résumé.pdf]

- мастер за јавна администрација и управување со локалните заедници, спроведен од Универзитетот Париз XII на катедрата за јавна администрација, при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. [линк plaquette.pdf]

Партнерствата, следени од европски институции, го поттикнуваат развојот и модернизирањето на наставните програми во рамките на македонските универзитети. Во рамките на програмата Темпус се проткајуваат бројни врски. Од крајот на 90-тите години, повеќе проекти вклучуваат француски и македонски универзитети.

Еден дел од активностите беше посветен на зајакнување на администрацијата и на развивање на меѓународни односи. Динамиката на овој сектор се должи пред сè на постојаната и привилегирана врска помеѓу универзитетите Софија Антиполис во Ница и Св.Климент Охридски во Битола.

Студиските програми за биотехнологија беа преструктурирани и модернизирани во Битола и Скопје, благодарение пред сè на Високата државна школа за земјоделие во Рен и во соработка со тим од Државниот институт за агрономски истражувања, со седиште во истиот град.

За да одговори на растечките потреби за преведување и толкување, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во рамките на Филолошкиот факултет, создаде трансверзален оддел посветен на изучувањето на овие професионални техники. Институтот за преведување и толкување и меѓународни односи (ИПТМО) од Стразбур учествуваше во проектот предводен од институти од Брисел. Тој го предводеше конзорциумот во 2007 година, посветен на започнување на наставната насока на Универзитетот во Приштина, во партнерство со Св. Кирил и Методиј.

2. Студии во Франција за образование на високо ниво.

Францускиот образовен систем е доста прочуен. Голем број студенти од целиот свет секоја година одлучуваат да студираат на француските универзитети. Таму тие се примени без оглед на нивното потекло, под истите услови како и француските студенти. Запишувањето е мошне пристапно од финансиска гледна точка, затоа што француската држава го плаќа поголемиот дел од школарината.

Сепак, семејствата треба да бидат во можност да ги покријат нивните трошоци за престој, кои се во согласност со квалитетот на живеењето. За студентите со висок просек кои не располагаат со доволно средства, амбасадата секоја година распишува конкурс за стипендии, со што им овозможува на најзаслужните да следат мастер студии или да изготват докторат со ко-туторство.

Меѓу другото, постојат и бројни франкофонски обуки на Балканот : гореспоменатите две во Скопје и Тетово, но исто така има и во Белград, Софија, многубројни франкофонски универзитетски филијали во Романија, и седум француско-грчки мастер студии во Грција.

За пoдетални информации за студирањето во Франција, можете да се обратите на интернет страницата CampusFrance. [во линк страница на ФКЦ CampusFrance]

publie le 11/11/2014

hautdepage