Успешна соработка со македонските сили во полза на сите европски граѓани и за одбрана на правната држава [fr] [sq]

Амбасадорот присуствуваше на показна вежба за интервенција при масовни убиства подготвена од единицата за брзо распоредување и посебната единица за поддршка при македонското Министерство за внатрешни работи, а истотака ѝ предаде на единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени донација на француска опрема од последната генерација на компанијата PETZL

На 12 септември, амбасадорот ги прими македонските практиканти кои беа дел од обуката организирана за полициските сили за брзи интервенции во ситуација на масовни терористички убиства. Оваа обука, што ја спроведоа двајца француски експерти од специјалните единици на француската полиција, беше организирана врз основа на искуствата од нападите во Париз во 2015 година (Батаклан). Следниот ден, во присуство на Заменик-министерот за Внатрешни работи, г. Агим Нухиу и Директорот на Бирото за јавна безбедност, г. Сашо Тасевски, амбасадорот присуствуваше на показна вежба за интервенција при масовни убиства подготвена од единицата за брзо распоредување и посебната единица за поддршка при македонското Министерство за внатрешни работи. По завршувањето на оваа импресивна вежбовна активност, амбасадорот ѝ предаде на единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени донација на француска опрема од последната генерација на компанијата PETZL. Донацијата од француското Министерство за внатрешни работи треба да ѝ овозможи на оваа специјализирана единица да се стекне со неопходната автоматизација при интервенирање во урбана или природна средина во најдобри технички услови и во потполна безбедност, но и да ја продолжи на најдобар можен начин тековната соработка со нивните француски колеги. Амбасадорот го истакна квалитетот на односите воспоставени со македонските единици, во полза на сите европски граѓани и за одбрана на правната држава.

publie le 21/09/2018

hautdepage