Вашите пораки со сочуство [fr]

Вашите пораки со сочувство по нападите од петокот, 13 ноември во Париз, навистина нè трогнаа, како и огромниот бран на солидарност што беше искажан во Република Македонија за Франција, по ужасните смртоносни настани.

Амбасадата на Франција прими 179 пораки со сочуство преку писма, по електронски пат или запишани во книгата на жалост. Македонската Влада и целото граѓанско општество ги искажаа своите чувства на револт и на тага по нападите во Париз.
Ви се заблагодаруваме во име на францускиот народ.

JPEG
Порака за мир на децата од Француското училиште, по нападите во Париз.

publie le 21/11/2015

hautdepage