Вебинар за еднаквост помеѓу жените и мажите [sq]

Во четвртокот на 25 јуни, амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, г-ѓа Жили Маравал, заедно со раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, г-ѓа Весна Ивановиќ-Кастаред, го отвори вебинарот за дијалог меѓу младите во врска со прашањето за еднаквост помеѓу жените и мажите.

Со поддршка од експерти од граѓанското општество (Блажен Малески од Реактор, Бојан Јовановски од ХЕРА и Навруз Махмуди од мрежата „Tajik Men Engage“), околу дваесет млади луѓе ги споделија своите искуства во врска со родовите стереотипи и беа посочени насоки така што секој, на свое ниво, да може да дејствува за родовата еднаквост. Улогата на образованието, како формална, така и неформална, претставува одлучувачки фактор. Овој вебинар беше дел од кампањата „HeForShe“, во која учествува и амбасадорот, со што се промовира вклученоста на мажите и момчињата во постигнување на оваа заедничка цел за родова еднаквост.

publie le 05/07/2020

hautdepage