Видео конференција организирана од @UN Women Скопје за зајакнување на одговорот кон #Ковид19 од родова перспектива [fr] [sq]

Пандемијата предизвикана од „Ковид-19“ различно влијае врз жените и мажите, како и врз остварувањето на родовата еднаквост, како фундаментално право.

Аташето за соработка учествуваше на видео конференција организирана од @UN Women Скопје со цел да се разговара со претставници на невладини и меѓународни организации за зајакнување на одговорот кон #Ковид19 од родова перспектива. Нагласувајќи ја важната улога на невладините организации при идентификување и одговарање на потребите на најранливите категории, учесниците се осврнаа на главните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во однос на новите приоритети кои треба да се имаат во предвид при одговорот на оваа здравствена криза без преседан.

publie le 06/05/2020

hautdepage