Visite à l’ONG « Coalition Margins » [fr] [sq]

Во средата на 12 мај, амбасадорот придружуван од аташето за соработка, го посети седиштето на невладината организација „Коалиција Маргини“. Со извршната директорка, Ирена Цветковиќ и со проектната координаторка, Драгана Дрндаревска, разговараа за важните достигнувања во последните години, но и за големите напори што треба да се направат, особено во врска со спроведувањето на донесените реформи.

JPEG

Оваа средба беше исто така можност тие да разговараат и за подготовката на Форумот генерација за еднаквост, организиран од Франција, Мексико и UNWOMEN кој ќе се одржи од 30 јуни до 2 јули 2021 година, а на кој Северна Македонија, заедно со Франција, ќе има пилот-улога во областите на телесната автономија, здравјето и сексуалните и репродуктивни права.

publie le 23/07/2021

hautdepage