Во петокот, на 21 мај, амбасадорот ја посети општина Кавадарци и оствари средба со градоначалникот, г. Јанчев. Во таа пригода, тие разговараа за можностите за зајакнување на наставата по француски јазик во училиштата во градот, како и за активностите на Винарската визба „Тиквеш“, еден од најдобрите производители на вино на Балканот, која инвестираше во Долината на Рона, во Франција.