Вкусот на Франција (Goût de / Good France), по втор пат на 21 март 2016 г. [fr]

По успехот што го имаше при првото одржување, Лоран Фабиус одлучи настанот Вкусот на Франција (Goût de / Good France) да стане традиционален

По успехот што го имаше при првото одржување, Лоран Фабиус одлучи настанот Вкусот на Франција (Goût de / Good France) да стане традиционален: така, на 21 март секоја година, француската кујна и вредностите што таа ги споделува ќе се одбележуваат низ целиот свет.

1500 главни готвачи, 1500 менија, 150 амбасади на 5 континенти

За да се одбележи почетокот на овој настан за 2016 година, Министерот Фабиус и реномираниот готвач Ален Дикас ги претставија рестораните на сите 5 континенти кои ќе бидат вклучени во него. Повеќе од 1.500 ресторани беа избрани ширум светот за Вкусот на Франција, на 21 март 2016 г.

Додека речиси една третина од странските туристи велат дека гастрономијата и енологијата се вбројуваат во главните мотиви за нивната посета на Франција, настанот Вкусот на Франција ја истакнува уметноста на француското живеење и домашните производи, промовирајќи ја на тој начин Франција како туристичка дестинација.

Вкусот на Франција (Goût de / Good France) во Македонија

Покрај 1.500 ресторани што учествуваат на овој настан, амбасадите исто така ќе бидат целосно вклучени во спроведувањето на активноста и ќе организираат свои вечери во присуство на амбасадорот.

Во Скопје, Мезе Бар ќе учествува на настанот Вкусот на Франција (Goût de / Good France)

PNG

Информирајте се повеќе на официјалниот сајт: http://be.france.fr/fr/gout-france-good-france/home

publie le 17/03/2016

hautdepage