Во Лешочкиот манастир [fr] [sq]

Во рамките на посетата на Тетово, амбасадорот се сретна со митрополитот тетовски и гостиварски Јосиф. Средбата беше можност амбасадорот да се информира за состојбата со православната заедница и за квалитетниот меѓурелигиски дијалог воспоставен во Тетово.

Потоа двајцата го посетија Лешочкиот манастир. Во овој комплекс се наоѓаат црквите Св. Атанасиј Александриски и Св. Богородица. Главната црква, уништена за време на конфликтите во 2001 година од страна на вооружена група, била потполно возобновена со европски фондови. Реставрацијата на старите градби на овој манастир останува да се заврши. При посетата, амбасадорот оддаде почит на гробот на Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и мислител, претставник на првата генерација автори на современата македонска книжевност.

publie le 02/07/2019

hautdepage