Во посета на градот Берово [fr] [sq]

При посетата на Берово, амбасадорот оствари средба со градоначалникот г. Звонко Пекевски и со директорот на Домот на културата, г. Звонко Скендерски. Тие заедно ја посетија црквата Успение на Пресвета Богородица и манастирот Архангел Михаил, каде што беа пречекани од отците Фотиј и Онуфриј, како и од сестра Синклитикија.

Амбасадорот го посети и Музејот на градот, каде што имаше можност да се запознае со богатото историско и културно наследство на Берово. При оваа посета, тој со градоначалникот разговараше за обновување на соработката со регионот Нормандија, а беа разгледани и можностите за идна техничка соработка.

publie le 09/07/2018

hautdepage