Во срцето на европското наследство [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше на промоцијата на Европската година на наследство, што се одржа во Информативниот центар на ЕУ, во среда 31 јануари 2018 година

Настанот се оддржа во присуство на Шефот на Делегацијата на Европската унија г. Самуел Жбогар, на Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, и г-ѓа Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство. По тој повод, г-ѓа Кристина Бицева, национален координатор за Европската година на културното наследство, ја претстави богатата програма што се подготвува од македонска страна во текот на 2018 година: објавување на книги, тркалезни маси, конкурс за фотографија, проекции на реставрирани филмови, учество на големи европски конференции итн. Амбасадорот во оваа прилика изрази желба отворањето на новите музејски комплекси на воените гробишта во Битола и во Скопје да се интегрираат во програмата, што ќе зборува за нашата посветеност за одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна светот да се вклучи во Европската и македонската рамка на активности.

publie le 06/02/2018

hautdepage