Во теренска посета на Карпош [fr] [sq]

Амбасадорот, министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во средата на 20 февруари, ја посетија зградата на поранешната спортска сала „Партизан", изградена со поддршка на Франција по земјотресот од 1963 година, којашто е предмет на амбициозен проект за реставрација.

Тие потоа се упатија во основното училиште „Братство", коешто претставува пример за застапеност на заедниците, а во кое се изучува францускиот јазик

Посетата заврши во Француското Интернационално Училиште, сместено во Карпош, каде што амбасадорот, министерот и градоначалникот имаа можност да се запознаат со условите за настава и да разговараат со педагошкиот тим, како и со учениците од сите националности.

publie le 26/02/2019

hautdepage