Воведно обраќање на обуката за судии за постапките што се однесуваат на печатот и медиумите од страна на г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција [fr]

JPEG
Госпоѓо директор на Академијата за судии и јавни обвинители,
Дами и господа судии,

Дами и господа адвокати и претставници на медиумскиот сектор,
Ми претставува задоволство што ја отворам третата обука за 2014 година што ја спроведуваат Амбасадата на Франција и Академијата за судии и јавни обвинители на Македонија пред толку броен состав бидејќи денес се присутни 40 судии, 5 новинари и 5 адвокати.

Меморандумот за соработка ја продолжува поддршката што Франција ѝ ја пружа на Академијата уште од нејзиното формирање и ги зајанува врските со Државната правосудна академија од Франција. Благодарение на меморандумот за соработка во 2012 и 2013 година беа организирани седум обуки, а четири се предвидени за 2014 година.

При изборот и обучувањето на оние на кои им се доверува правдата мора да се бара врвен квалитет, не само од технички аспект и од аспект на знаења, туку и од аспект на демократските барања, силната волја за независност и етичкото однесување. Многу е важно оние што биле избрани и обучени на таков начин да го претставуваат опшеството со сета своја разноликост и по завршувањето на студиите да бидат именувани на функции за коишто биле обучени. Токму затоа Франција не пропушта прилика за да ја зајакне организацијата и компетенциите на оваа квалитетна установа – Академијата за судии и јавни обвинители на Македонија.

Денешната обука е наменета за македонските судии задолжени за постапки што се однесуваат на медиумите и на печатот, особено постапките за клевета. Обуката е посветена на слободата на изразување во медиумите. Новинарите и адвокатите се исто така поканети да учествуваат на оваа обука.
Јас им се заблагодарувам на двајцата судии од Франција што ја обезбедуваат оваа обука, госпоѓа Анабел Филип, заменик обвинител во Вишиот основен суд во Париз, раководител на секторот за печат и заштита на слободите и господин Марк Баји, потпретседател на Вишиот основен суд од Париз, судија координатор на одделот за печат. Се работи за најеминентните судии во таа област и за најспецијализираните инстанци во Франција во поглед на слободата на изразување на новинарите, заштита на таа слобода и нејзините ограничувања.

Наредната обука ќе биде посветена на финансиските истраги и на управувањето со мерките што ја повредуваат слободата (притвор, прислушкувања, претрес, итн.)

Тоа се неопходни елементи за обучување на судиите и јавните обвинители кои во текот на целиот свој живот ќе бидат во првите борбени редови во борбата против корупцијата и за слободите на граѓаните. Амбасадата на Франција непрестајно ќе биде покрај Македонците во таа борба.
Ви благодарам.

publie le 20/02/2015

hautdepage