Вториот модул на техниките за интервенција на височина [fr] [sq]

Од 24 јуни до 5 јули 2019 година, двајца инструктори од Националниот центар за планинарење и скијачки спортови во Шамони (CNEAS) реализираа обука според вториот модул на техниките за интервенција на височина наменети за единицата за интервенција при Министерството за Внатрешни работи, Тигрите.

Оваа обука им овозможи на македонските специјалисти да стекнат практики од техниките со јаже, во урбани и природни услови. Завршната вежба се одржа во центарот на Скопје пред Амбасадорот, Заменик-министерот за Внатрешни работи и претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

publie le 10/07/2019

hautdepage