Второто дефиле на автомобилите од моделот « Пежо 404 » [fr] [sq]

Амбасадата на Франција во Скопје ја поддржа иницијативата на автомобилскиот клуб „Пежо 404" во Северна Македонија и организацијата на второто дефиле на автомобили од тој модел, произведени помеѓу 1968 и 1973 година, кои сведочат за високите технолошки достигнувања на Франција.

Министерот за Внатрешни работи и амбасадорот потсетија на значењето на перманентната политика за безбедност на патиштата, со цел да се спасат што поголем број животи во сообраќајот. Активноста на клубот е дел од светските настани посветени на зачувувањето на културното и технолошкото наследство.

publie le 05/04/2019

hautdepage