Жан Моне или: оптимизмот е долга трпеливост" [fr] [sq]

Авторот на предговорот, амбасадорот Кристиан Тимоние ("Жан Моне или оптимизмот е долга трпеливост") во оваа прилика ја истакнаа сè уште актуелната инспирација од ова дело, додека Македонија и Западниот Балкан забрзано чекорат по својот пат кон Унијата.

Жан Моне или: оптимизмот е долга трпеливост"

JPEG

Треба да ја поздравиме извонредната идеја да се објави (од Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор на Македонија во Париз и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и преведувачката Лилјана Котевска - Плевнеш) џебно издание на оваа книга во ваков круцијален период кога земјата одбра да продолжи po својот европски пат на кој кратко се појави можност, која исто толку брзо исчезна или се одложи поради каприците на историјата и идентитетските прашања. Оваа книга е часослов, бидејќи зборуваме за верба во историската неопходност од европска конструкција како услов за мир, благосостојба, но и за влијание на нашиот континент. Таа е вадемекум, или што би рекле Французите, дело на Декартовец, како "Расправата за методите", заснована на искуството, она од двете светски војни и двете преродби, едната неуспешна, другата успешна, на ранетата Европа, која повторно станува предмет на историјата низ градењето нов економски и политички простор.

JPEG

Како и генералот Де Гол, со кого има повеќе заеднички нешта отколку што изгледа, Жан Моне
беше човек со моќни идеи, кој тргна повторно да се справува со судбините на европските народи, загрозени по 1945 година од можноста да исчезнат од историјата, некаде помеѓу американската "империјална република" и советското царство.

Ниту еден од двата проекти, оној на Европа на нациите, без вистински трансфер на суверенитет, или пак тој на обединетите европски држави, не се реализира како што беше замислен од двајцата големи мислители на историјата. Европа остана да биде катедрала во изградба, чиишто архитекти имаат различни соништа, со оглед на сета европска разновидност. Две од нивните основни интуиции се и понатаму релевантни и може да дадат поттик да се прочита оваа антологија, создадена во 1995 година, токму во времето на европскиот оптимизам.

JPEG

На Исток, но и на Запад, суверенитетот и националниот идентитет станаа реални, повеќе од кога и да е: „Нациите постојат и опстојуваат“, велеше Генералот. Покрај овие цврсти јадра кои го следат искушението на повлекувањето, бранот на економската глобализација може да ги избрише европските политички и општествени модели, но и да доведе до појава на нови безбедносни предизвици, за кои, очигледно, ниту големите држави веќе не се толку сигурни во себе, збунети пред информациските и комуникациските технологии. Историскиот оптимизам на Жан Моне го натера да ја брани ефикасноста и рационалноста на трансферот на суверенитет кој ќе создаде нова ефикасност, а со тоа и европски дух, наследник на вредностите на хуманизмот, просветителството и либерализмот, способен повторно да ја освои планетата. Неговиот хоризонт, без сомнение, не застана некаде над Атлантикот ниту на Урал и носеше со себе, како Кант, една визија за обединети држави од целиот свет.

JPEG

Сепак, ќе видиме преку овие толку добро избрани извадоци, дека човекот бил пресметлив, трпелив и прагматичен, напредувал кришно доколку тоа било потребно, како и нашите Декартовци. Не е сигурно дека неговиот американизам, толку омразен од противниците што ги имал, не бил посреден, со оглед на тоа што соодносот на силите и на реалните или претпоставените опасности добива облик низ советскиот воен и идеолошки империјализам. Неговата интуиција го натера да верува дека на крајот, либералната економија ќе биде нешто повеќе од острица. Таа ќе биде оската на светот, без многу размислување за силата на државите, за кои ќе рече дека се за жалење, но дека би ја преживеале транзицијата. Тој беше потполно во право во врска со капацитетот на институциите предводени од луѓе кои беа убедени дека можат да ги решат техничките, витални прашања кои очигледно не беа прилагодливи на некои пониски нивоа. Денес се чувствува заживувањето на европскиот проект кој ќе ни овозможи да го зачуваме нашиот начин на живеење, нашата слобода да размислуваме и да дејствуваме, но пред сè, нашата способност да ги заштитиме европските граѓани во времето на потполна прераспределба на силите и нарушување на глобалната трговија што може веќе да се насети. Ќе дојдеме до таа визија, потхранета од размислувањето за најновите историски настани што се одвиваат како на филмска лента, во говорот на претседателот Макрон на Сорбона, на 26 септември 2017 година по кампањата што ја донесе европската идеја на своето заслужено место во француската политичка расправа (https://tinyurl.com/ycvnj47f) и во Стразбур, на 17 април 2018 година (https://tinyurl.com/gsaxmmh). Пристапот на Жан Моне, но и неговиот свет исполнет со самопрегор и неговата разумна страст, ќе ги препознаеме во низата конкретни предлози наменети за одбраната, образованието и финансиите. Оној што го нарекуваа "инспиратор“, постојано комуницира со нас, нè поддржува, чекор по чекор, на ова долго европско патешествие.

JPEG

За него ќе вреди да се размислува во моментот кога земјите од Југоисточна Европа повторно ќе се откријат себеси, а особено кога ќе ја возобноват солидарноста, поддржани од Европската унија. Перспективите пак, се јасно потврдени од самите нив, но и од земјите- членки на Унијата, за целосно и полноправно влегување во реновираната конструкција, каде што ќе понесат со себе нови вредности достојни на нивното историско богатство, на нивната отпорност и желба за Европа. Во меѓувреме, тие прво и најважно ќе мора да ја пронајдат културата на внатрешниот и регионалниот компромис, што е во суштината на нашата Европа денес, но и на таа утрешната. Нека оваа книга ѝ помогне на македонската јавност да ја сочува својата верба и европска надеж.

publie le 29/06/2018

hautdepage