За поефективен дијалог во Парламентот [fr] [sq]

Амбасадорот оствари прва средба на 18 јануари со г. Томислав Тунтев, парламентарен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Соговорниците разговараа за актуелната состојба и заклучоците од тековните парламентарни дебати. Во оваа прилика, амбасадорот ја изрази својата поддршка за парламентарните активности што ги обединуваат сите партии, со цел да се затвори епизодата од 27-ми април и посака формирање на широк консензус околу реформите неопходни за европската и атлантската интеграција на земјата. Тој, исто така, ја изрази својата поддршка за интензивирање на парламентарните односи меѓу двете земји, особено преку тековната посета за организирање на групата за соработка со Франција. Минатата недела, амбасадорот се сретна со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Владимир Ѓорчев, со кого разговараа на истите теми.
JPEG

publie le 22/01/2018

hautdepage