Зачувување на природното и културното наследство на охридско-струшкиот регион [fr] [sq]

Од понеделник 1 до вторник 2 јули, амбасадорот престојуваше во Охрид и Струга. Во таа пригода тој оствари средба со Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, а потоа и со претставници на дваесетина локални невладини организации. Тој, исто така, се сретна со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошески, како и со претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Вечерта, заедно со Министерот за образование Арбер Адеми, амбасадорот го отвори Летниот Универзитет во Струга. Неговиот престој заврши следниот ден со посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Со сите овие соговорници, амбасадорот разговараше за актуелната политичка состојба, како и за зачувувањето на природното и културното наследство на охридско-струшкиот регион. Франција е подготвена да ги поддржи, преку своите активности за соработка, сите засегнати страни: владата, локалните власти, невладините организации и граѓанското општество.

publie le 03/07/2019

hautdepage