Заедничката француско-македонска заложба за заштита на непроценливото заедничко културно наследство [fr] [sq]

По пожарот од 15 април, кој ја опустоши катедралата Нотр-Дам во Париз, Северна Македонија учествуваше во активностите за нејзино возобновување.

Во петокот на 28 јуни, амбасадорот организираше средба во резиденцијата на Франција за промовирање на иницијативата на весникот „Нова Македонија" и на издавачката куќа „Полица", кои предложија да го донираат приходот од продажбата на најновиот превод на романот „Богородичната црква во Париз", на француската Фондација за возобновување на катедралата и на манастирот во Курбиново, како сведоштво за заедничката француско-македонска заложба за заштита на тоа непроценливо заедничко културно наследство што го зацврстува нашиот европски идентитет.

publie le 30/06/2019

hautdepage