Заеднички истражувања [fr] [sq]

На 24 јануари, г. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, придружуван од своите најблиски соработници, го прими во посета амбасадорот на Франција.

Оваа средба беше можност да се разговара за француско-македонската интелектуална соработка од перспектива на идната посета на постојаниот секретар на француската Академијата на науките, г-ѓа Катрин Брешињак. На средбата, исто така, стана збор за можностите за повторно заживување на научната соработка помеѓу Франција и Македонија преку нови партнерства меѓу лабораториите и истражувачките центри на двете земји.

publie le 31/01/2018

hautdepage