Заедно за Шар Планина, заедно кон ѕвездите [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во саботата на 21 септември, заедно со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Бујар Османи, со Градоначалничката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи, како и амбасадори и претставници на граѓанското општество, на искачување на Шар Планина, во организација на Секретаријатот за Европски прашања под мотото „Заедно за Шар Планина, заедно кон ѕвездите“.

Франција целосно ја поддржува иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк и со тоа да се заштити нејзината исклучителна разновидност, како во поглед на пејзажите, нејзината фауна и флора, така и нејзините активности.

publie le 27/09/2019

hautdepage