Зајакнување на нашите билатерални односи [fr] [sq]

Францускиот министер за Европа и Надворешни работи, г. Жан-Ив Ле Дриан го прими на 4 април г. Никола Димитров, министер за Надворешни работи на поранешна Југословенска Република Македонија. Средбата беше можност да се разговара за зајакнување на нашите билатерални односи, пред сè во економската сфера и во областите на безбедноста и на Франкофонијата.

JPEG

Министрите разговараа особено за стогодишнината од крајот на Првата светска војна и за заедничките чествувања во поранешна Југословенска Република Македонија, на чијашто територија загинаа речиси 20.000 француски војници на Источниот фронт. На средбата се разговараше и за поддршката на Франција кон реформите што ги спроведува Владата како дел од приближувањето на земјата кон Европската унија и се истакна важноста од зајакнување на владеењето на правото. Двајцата министри разговараа исто така и за подготовките за самитот ЕУ - Западен Балкан што ќе се одржи на 17 мај во Софија. Министерот Ле Дриан се наврати на регионалната соработка и добрососедските односи во регионот на Западен Балкан и ја искажа француската поддршка за тековните преговори што се водат помеѓу Скопје и Атина во врска со спорот околу името, за да се постигне взаемно прифатливо решение.

publie le 30/04/2018

hautdepage