Запознај ја Преспа [fr] [sq]

Амбасадорот на Франција со својот германски колега учествуваше заедно со градоначалникот на Ресен, г. Живко Гошаревски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, г. Дарко Каевски, во еколошката акција во рамките на проектот „Запознај ја Преспа”, во неделата на 16 јуни, по повод првата годишнина од Договорот од Преспа.

Тие нагласија дека садат дрвца во близина на местата на француско-германските борби од Првата светска војна, а учествуваа и во чистење на плажата во Отешево. Амбасадорот го истакна значењето на овој ден на надеж за европската иднина: „Сè уште треба да се работи, но ние сме со вас за да ве придружуваме на европскиот пат”. Денот продолжи со посета на првиот гастрономски саем во Дупени, во присуство на Премиерот, каде што амбасадорот ги запозна локалните производи, вклучувајќи ги и познатите природни овошни сокови од Ресен. Тој зборуваше за перспективите за локален развој, низ призмата на подготовките за доаѓање на Француската агенција за развој.

publie le 22/06/2019

hautdepage