Земјоделство: Споделување на извонредни искуства [fr] [sq]

Амбасадорот во петокот, на 9 февруари, се сретна со Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, г. Љупчо Николовски

Темите на кои се разговараше за време на овој состанок беа, пред сè, продлабочувањето на билатералната соработка во областа на земјоделството и промовирањето на трговијата со земјоделски и прехранбени производи во Франција. Министерот Николовски го информираше амбасадорот дека развојот на земјоделството е еден од приоритетите на новата влада и дека француското искуство во оваа област ќе биде добредојдено.

publie le 14/02/2018

hautdepage