Изјава на портпаролот на Министерството за Европа и Надворешни работи на Франција, Госпоѓа Ањес фон дер Мил [fr] [sq]

Гласачкото тело на Поранешната југословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата.

Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за Спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската унија.

Сега Парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот.

Како што напомена Претседателот на Република Франција, Спогодбата од Преспа е добра како за земјата, така и за регионот и за Европа.

publie le 02/10/2018

hautdepage