Средба со Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, г. Виктор Димовски [fr] [sq]

Во четвртокот на 28 март, амбасадорите на Франција и на Германија остварија заедничка средба со Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, г. Виктор Димовски во врска со поддршката што двете земји ја даваат на регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO, формирана на самитот во Париз во 2016 година со цел да обезбеди соработка помеѓу младите од Западен Балкан.

Во оваа пригода, амбасадорот му честиташе на г. Димовски за неговото учество на 106 сесија на постојаниот Совет на меѓународната организација на Франкофонијата, на 26 март оваа година во Париз, каде што го презентираше извештајот за најзначајните активности на земјата за решавање на проблемите со соседните држави. Република Северна Македонија е вклучена во Националната Франкофонска иницијатива (2019-2022), која ќе ја промовира употребата на францускиот јазик во јавната администрација и дипломатијата. Северна Македонија предлага да биде домаќин на регионален собир во Скопје оваа година за зајакнување на статусот на жените франкофони од Централна и Источна Европа.

publie le 01/04/2019

hautdepage